Македонија

Шилегов: Она што го снајде Вучиќ во Србија, го очекува и Филипче во СДСМ

„Компарирањето на Македонија и Србија претставува класична политичка неписменост. Геополитички гледано Македонија и Србија се сосема различни приказни.

Повеќе од половина година молчам за случувањата во македонската политиката и особено во мојата СДСМ. Сепак, гледајќи ги реакциите на изборите во Србија, кои патем кажано, апсолутно немаат речиси никакво влијание за нас (за жал, многумина немаат сфатено дека ние сме две држави и два света), па влечат политички заклучоци за наводно некаква политичка инерција и во МК политиката, како поле за логична анализа се наметнуваат две состојби, кои анализи заради должината, сепак ги правам базично, пишува на својот Фејсбук-профил , Петре Шилегов, поранешниот градоначалник на Скопје и ексфункционер во СДСМ.

Тој проценува дека влечењето било каква аналогија меѓу Македонијаи Србија, не е ништо друго, освен „пуста желба на неспособната номенклатура на СДСМ“.

„Компарирањето на Македонија и Србија претставува класична политичка неписменост. Геополитички гледано Македонија и Србија се сосема различни приказни.

Македонија е дел од западноатланските безбедносни асоцијации (НАТО) и своите политики и геополитики ги креира и адаптира согласно политиките на тие асоцијации. Србија од своја страна, со апсолутистит Вучиќ (предходно и Орбан во Унгарија), претставува опасност за стабилнотоста на овој дел на Европа, особено ако се има предвид силното руско влијание во српската (унгарската) политика и општество. Од тука, влечењето било каква аналогија, не е ништо друго, освен ‘пуста желба’ на неспособната номенклатура на СДСМ да ги придвижи напред работите во редефинирањето на политичката позиција на СДСМ во македонската политика. За жал, во тоа ‘независно и ново’ раководство, по мое мислење свесно не сакаат да разберат дека либералниот дел од македонското општество, ги доживува како продолжена рака на структурата која свесно ги уништи и идеалите и луѓето кои несебично се внесовме во обидот да ги направиме промените после апсолутизмот во Македонија. Со тие идеали и луѓе, оваа структура немилосрдно расчисти, најпрво на изборите 2020 и потоа на изборите во 2021 година. Од тогаш навака, СДСМ, за жал е струкура зад којашто се кријат луѓе чијашто амбиција не е ништо друго, освен да ги заштитат своите лични (пред сè материјали) интереси. Заедно со сè добар дел од пратеничката група, којашто активно учествуваше во создавањето на вакво СДСМ, а сега дел од нив глумат ‘паднати од небо’ и фактори на стабилност …“, анализира Шилегов.

Освен тоа, Шилегов во објавата на Фејсбук заклучува дека дали еден политичар може да премине во апсолутист, не е предодредено од политичката провиниенција, туку најмногу од личните карактеристики.

„Дали е еден човек апсолутист или не, не зависи од тоа дали потекнува од десна или лева политичка провениенција. Напротив. Тоа зависи од личните карактеристика на еден човек. Орбан на пример, доаѓа на власт како левичар. Додик исто така ….

Ако СДСМ ја сведете во светот на Вучиќ, тогаш, секој што изминатиов период крена глас за состојбите во партијата, беше означен како платеник, купен, уценет од некоја друга страна (или што би рекол Вучиќ ‘блокадери, усташи, странски платеници’).

Тоа доволно говори за личните карактеристики на водачот … Значи, кој е следен ?“, прашува Шилегов, додавајќи во пост скриптум дека има да се зборува „мноооогу повеќе“.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

„Ми дадовте можност да ја претставам нашата работа“ – Божиновска им се заблагодари на пратениците за интерпелацијата

Работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на расправа во Собранието, каде што на дневен ред е интерпелацијата поднесена од пратениците на Левица.

To top