Македонија

Штипски бизнисмен крадел струја, електродистрибуција поднесе кривична

Инспекциски тим на Електродистрибуција откри сериозна манипулација со електрично броило во станбена куќа во Штип, во сопственост на локален бизнисмен.

Инспекциски тим на Електродистрибуција откри сериозна манипулација со електрично броило во станбена куќа во Штип, во сопственост на локален бизнисмен. При контролата на објектот на улица „Борко Талев“ утврдено е дека сите три фази на броилото биле намерно оштетени, со цел неовластено користење електрична енергија.

„Констатиравме противправна манипулација и неовластено преземање струја. Составен е официјален записник, а случајот е пријавен во полиција согласно член 235-а од Кривичниот законик“, соопштуваат од Електродистрибуција.

Компанијата поднесе кривична пријава против сопственикот, 60-годишниот С.А. од Штип, и издаде фактура за причинета штета во висина од 364.658 денари.

Од СВР Штип потврдуваат дека на 29 октомври 2025 година, по добиена пријава, утврдиле дека С.А. поставил премостување на електричниот кабел пред броилото на адресата „Борко Талев“ бр. 6, со што целата потрошувачка останувала нерегистрирана. Полицијата најави целосно расчистување на случајот и преземање соодветни законски мерки.

Најнови вести од: Македонија

Лекарите на хартија дежураат без пауза, а за пациентите нема термин ни за лек, можно ли е?!

Министерството за здравство со строги мерки за следење на работата на здравствените работници, со цел обезбедување ефикасна работа и транспарентност. Министерот Азир Алиу најави воведување нов систем за евиденција на работното време преку отпечаток од прст и нагласи дека ќе се преземат законски мерки против институциите и директорите кои нема да ги почитуваат правилата.

Сиљановска-Давкова: Барањата од соседите кон Македонија се надвор од европските критериуми! ЕУ да ја преиспита политиката кон Западниот Балкан

Претседателката на Република Македонија д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија. Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид, првите нови авиолинии почнуваат на 29 и 30 март до Милано и Неапол

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд – во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – 6 нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и 4 нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле […]

Со 22 милиони евра се запечатува енергетската стабилност на Скопје за следните 20 години

Силна порака по повод пуштањето во употреба на новиот енергетски проект во главниот град. Оваа инвестиција од околу 22 милиони евра не е само бројка, туку стратешки чекор кој ќе овозможи Скопје непречено да се развива во наредните две децении. Со подобрувањето на напонското ниво од 110 киловолти, драстично се зголемува надежноста на мрежата.

Ѓорѓиевски: Нова зона и нови дигитални услуги за корисниците на „Градски паркинг“ – чекор напред кон поуредено и пофункционално секојдневие во Скопје!

Денес заедно со градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески и директорот на ЈП „Градски паркинг“ Владимир Кроневски го означивме почетокот на нов, современ начин на користење на услугите, како и стартот на новата зона Д 12 во Реонскиот центар во Општина Аеродром. Станува збор за простор кој се уредуваше во повеќе фази, поради неговата големина и значење. – објави градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на свјот официјален фејсбук-профил.

Најнови вести

To top