Македонија Бизнис

Што треба да направите ако имате проблем со апликацијата „МојДДВ“?!

Исплатата на повратот на ДДВ за скенираните фискални сметки од вториот квартал 2025 година (април–мај–јуни) ќе биде целосно реализирана најдоцна до 31 август 2025 година, согласно законскиот рок од 60 дена по завршување на кварталот.

Грешка при верификација, сметката е скенирана или пак бар кодот на фискалните сметки едноставно не се вчитува.Ова се проблемите со кои се соочуваат дел од граѓаните, кои се обидуваат да скенираат сметки за Мој ДДВ. Ваквата состојба се провлекува извесен период наназад, што создава нервоза и нетрпеливост кај луѓето, кои преку оваа мерка се обидуваат да повратат дел од платениот ДДВ.

Причината за сите овие проблеми лежи во самата апликација Мој ДДВ, која треба да се прилагоди и ажурира, за да функционира нормално.

Управата за јавни приходи објави дека е достапна нова верзија на мобилната апликација „МојДДВ“, наменета за корисниците кои се соочија со технички потешкотии при скенирање на фискалните сметки во изминатиот период.

Граѓаните кои имаа проблеми со функционирањето на апликацијата, да ја ажурираат „МојДДВ“ преку официјалните дигитални продавници, соодветно на типот на уредот што го користат:

Google Play Store – за Android уреди

App Store – за iOS уреди

Huawei AppGallery – за Huawei уреди

Ажурираната верзија содржи технички подобрувања кои треба да го олеснат скенирањето и да го подобрат целокупното корисничко искуство – информираат од Управата.

Од друга страна, оние корисници кои не забележале никакви проблеми, можат и понатаму да ја користат апликацијата без потреба од дополнителни интервенции.

Претходно, кон крајот на јули, УЈП информираше дека дека мобилната апликација „МојДДВ“ работи со прекини. Тимот на УЈП интензивно работеше на отстранување на проблемот, со цел апликацијата да биде целосно функционална.

Ги информираме корисниците дека, согласно член 6 од Законот за враќање на дел од износот на ДДВ на физичките лица, фискалните сметки можат да се скенираат во рок од 10 дена од датумот на нивното издавање, објаснуваат од УЈП.

Тоа значи дека сите сметки, кои се во рамки на овој рок, ќе можат да бидат скенирани по ставењето на апликацијата повторно во функција, што од 5 август е овозможено да се направи.

Инаку деновиве почна исплатата на средствата од Мој ДДВ за вториот квартал од годинава.

МојДДВ е мерка за граѓаните и средствата од таа мерка се враќаат кај граѓаните. УЈП, веќе ја почна исплатата на средства за корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тромесечје, односно, во месеците април, мај, јуни 2022 година, и по тој основ на сметките ќе бидат исплатени 550 милиони денари, како поврат од МојДДВ – информираат од УЈП.

Рокот до кога сите граѓани на своите сметки ќе го добијат повратот од Мој ДДВ е крајот на овој месец.

Како што е познато граѓаните кои скенираат фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ можат да добијат поврат и до 2.100 денари за едно тромесечие, или 8.400 денари за цела година.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Стојкоски: На повеќе од 30 бензински пумпи имало прекин во точењето гориво, но продолжија, по дополна на резервоарите

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денес информираше дека над 300 инспекциски контроли се извршени на бензинските пумпи во државата за да се провери дали се точело гориво под пазарни принципи по одлуката за зголемување на цените од полноќ.

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот и доволни количини

Премиерот за утре најави средба со дистрибутерите и ќе побара од нив да не го користат притисокот на цената на горивото за да се зголемат веднаш  цените на прехранбените производи и притисокот да се префрли врз потрошувачката кошничка на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче ширеше паника за мигранти, но реалноста го демантира

СДСМ на чело со Филипче и Заев имаат една единствена стратегија а тоа се ширење лаги, паника и манипулации со цел да се дефокусира јавноста од неуспесите на партијата и политичкиот хаос во кој се наоѓаат

To top