Македонија

Сијарто: Новите американски царини кон ЕУ ја докажуваат неспособноста на раководството во Брисел – Време е патриотите да ги сменат луѓето како Лаен!

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека новите, зголемени царини на САД за увоз од Европската Унија ја докажуваат и неспособноста на раководството во Брисел и оти е време за патриотски пресврт. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денеска објави дека Европската Унија од 1 август ќе се соочи со царина од […]

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека новите, зголемени царини на САД за увоз од Европската Унија ја докажуваат и неспособноста на раководството во Брисел и оти е време за патриотски пресврт.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно денеска објави дека Европската Унија од 1 август ќе се соочи со царина од 30 отсто. Министерството за надворешни работи на Унгарија во соопштение го цитираше Сијарто, кој наведе на општествените мрежи дека царинската мерка, преземена од САД, е уште еден доказ за целосната неспособност на претседателката на Европската комисија Урсула Лаен и на Европската комисија. 

„Оваа неспособност веќе предизвика многу штета и проблеми за Европа во последните неколку години. Сега имаме уште еден неуспех: Урсула Лаен и Европската комисија не успеаја да издејствуваат поволен трговски договор со американската администрација. Затоа повторно страдаат европската економија, европските компании и европските граѓани.“ – истакна Сијарто.

Според него, царините на ЕУ кон САД требало веднаш да се намалат откако Доналд Трамп ја презеде должноста. „Урсула Лаен и Европската комисија тоа не го сторија. Ние, Европејците, повторно страдаме, поради тоа.“ – рече Сијарто и нагласи дека е „време за промени во Брисел“. „Патриотите конечно треба да ги заменат луѓето како Урсула Лаен.“ – посочи шефот на унгарската дипломатија Сијарто.

Најнови вести од: Македонија

Тажна вест: Пцовиса и европскиот бизон во Скопската зоолошка градина

Во текот на последната недела, скопската зоолошка градина изгуби двајца значајни жители. Европскиот бизон, стар 17 години, утрово угина по подолг период на терапија и следење заради дијагностицирана пневмонија.

Наскоро наместо печат во пасош, отпечаток и фотографија за влез во ЕУ

Отпечаток од прст и фотографија, од 12-ти октомври нов систем за влез и излез од Европската унија. Целата е зајакнување на безбедноста на влезните точки на унијата, изјави евроамбасадорот Михалис Рокас. Новата мерка постепено ќе се применува, се најавува можност за однапред регистрирање на податоците преку мобилна апликација или систем за самопослужување.

To top