Македонија

Сиљановска Давкова: Да не останеме „изгубени во преводот“ (ВИДЕО)

Не може да има една комисија за правосуден испит за кандидати Македонци и друга за кандидати Албанци, вели претседателката

Во правото има нешто што се нарекува правен јазик, таму мора да има разбирање и меѓу судиите, јавните обвинители и адвокатите, појасни претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова во гостување на „Клик плус“ на ТВ21.

Вели дека важно е да има прецизност, јасност говорејки околу барањето на албанските студенти правосудниот испит да се полага на нивниот мајчин-албански јазик.

„Зошто?  – прашува претседателката и одговара:

„За да нема изгубени во преводот . Она што мене ме загрижува е што не може да има една комисија за правосуден испит за кандидати Македонци и друга за кандидати Албанци.

Осврнувајќи се на законската рамка, претседателката посочи дека покрај Законот за употреба на јазици, постои и Закон за употреба на македонски јазик, кој ја утврдува обврската за негово познавање и користење во институциите.

Претседателктата рече  дека има разбирање за употребата на службените јазици, но потсети дека судовите имаат уставна можност директно да го применуваат Уставот и да не применат законска одредба доколку ја оценат како неусогласена со највисокиот правен акт.

Сиљановска Давкова потсети на уставните гаранции произлезени од Охридскиот рамковен договор, според кои странките во судските постапки имаат право на превод на државен трошок.

Како клучен предизвик, ја посочи можноста од недоразбирања во правниот процес.

„Во кривичната и граѓанската постапка, секоја странка има право на превод на државен трошок. Но, ако постапките, пресудите и иницијативите се на македонски јазик, тогаш за да се донесе релевантна одлука, неопходно е тој јазик да се познава и да се комуницира на него. Мојот страв е да не се најдеме изгубени во преводот“,рече претседателката.

Најнови вести од: Македонија

МВР во акција: за 24 часа приведени 10 возачи!

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода десет возачи за безобѕирно управување возило, од кои по четворица управувале возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, еден во спротивна насока и еден и покрај тоа што имал активна забрана, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Хоџа: „Албанија го поддржува студентскиот протест во Скопје и бара да не се оспорува уставното право на употребата на албанскиот јазик во РСМ“

„Ферит Хоџа, министерот за Европа и надворешни работи во Владата на Албанија, денес на прес-конференција истакна дека треба да има решение за студентите-Албанци во С.Македонија, кои бараат да полагаат правен испит на својот албански јазик, бидејќи, според него, албанскиот јазик е уставно и неоспорно право.“ – објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.

Николоски: „Не коленичиме, туку достоинствено ја водиме политиката“

Ова вчера во телевизиско гостување рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, одговарајќи на новинарско прашање за влезот на државата во ЕУ, но и за неодамна изнесениот став на премиерот Христијан Мицкоски оти е подготвен да чека со децении без уставни измени, односно дека актуелната Влада нема да попушти пред барањата за уставни измени доколку не добие јасни гаранции за евроинтегративниот процес

To top