Македонија

Сиљановска-Давкова: Нема нерешливи проблеми, а напредок е можен преку градење доверба

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова најави дека утре во Софија ќе оствари средба со Илијана Јотова која ја врши функцијатѕа претседател на Бугарија по оставката на Румен Радев.

Средбата треба да се случи на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Шефицата на македонската држава очекува разговорите да бидат продолжение на нивната претходна средба во Ереван, но и можност да се отворат суштинските прашања во односите меѓу двете земји.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Силјановска-Давкова истакна дека нема нерешливи проблеми и дека единствениот начин за напредок е преку градење доверба и поголема меѓусебна комуникација.

„Тоа е природно продолжение на нашата средба во Ереван – едно пријатно женско говорење. Мислам дека треба да го продолжиме тоа и затоа ја споменав неопходноста од мерки за градење доверба.

Ако граѓаните не контактираат, ако заеднички не учествуваме во проекти, тешко ќе се движиме напред“, рече претседателката.

Таа потсети и на својата прва средба со бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, кога, како што кажа, јавноста го запаметила инцидентот со знамињата, но не и пораките за соработка што биле испратени на работниот ручек.

„Треба bona fide да се однесуваме едни кон други. Да не се навредуваме, да не се повредуваме и да се обидеме да ги мериме зборовите“, нагласи Сиљановска-Давкова.

На забелешката дека остри пораки доаѓаат од двете страни, таа се согласи со оценката.

„Целосно сте во право. Од двете страни. И еве сега од двете страни има желба да се видиме“, изјави претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top