Македонија

Не се оди надвор без да се постигне консензус дома, вели македонската претседателка

Проблемот со Бугарија е и билатерален, и со Европската унија, вели шефицата на државата за упатувањето од Софија кон Брисел

За сите прашања од врвен државен и национален интерес мора да се изгради прво консензус дома, за потоа да се настапува надвор од границите на државата, нагласи претседателката Гордана Силјановска-Давкова во „Тема на денот“ на ТВ Сител посветено на најновиот развој на односите со Бугарија по посетата на Скопје од шефицата на Европската комисија, урсула фон дер Лајен.

„Точно е дека во секоја демократска држава има разлики, помали ли поголеми, помеѓу власта и опозицијата. Но за жал, во некои држави дури и кога не се на страната на вистината, тие во еден глас говорат кон надвор. Да, почнавме, ако се сеќавате, преку средби да создаваме една атмосфера. Јас не знам колку пати сум рекла дека не се оди надвор без да се постигне консензус дома и без да има договор, говорам за прашања од национален интерес“, изјави Силјановска-Давкова.

Според шефицата на македонската држава, проблемот со источниот сосед истовремено е и билатерален, и проблем со Европската унија.

„Госпоѓата Јотова вели дека не е билатерален, туку дека имаме проблем со Европската Унија. А пак, госпоѓата Фон дер Лајен вели дека мора да разговарате и низ дијалог, се разбира, да размените различни ставови. Е сега не можете да го квалификувате проблемот или процесот и како билатерален исклучиво, или како проблем што го имаме со ЕУ. Точно е дека записникот е дел од заклучоците. Но, неточно е дека записникот е дел од преговарачката рамка“, објасни Силјановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Придонесот на народниот херој Стив Наумов за Македонија, кој се самоуби, за да не им падне жив во рацете на бугарските фашистички окупатори

Стефан Наумов-Стив (Битола, 27 октомври 1920 — Болно, 12 септември 1942 ) — е македонски комунист, учесник во НОВ. Бил прогласен за народен херој на Југославија и Македонија на 29 јули 1945 година, како еден од првите борци од Македонија кои го добиле тоа одликување (заедно со Мирче Ацев, Орце Николов, Страшо Пинџур, Христијан Тодоровски-Карпош и Кузман Јосифовски-Питу).

Стојаноски: Закон да се претворат во редовен работен однос на неопределено време договорите на луѓето, кои работат чесно со години

Бојан Стојаноски, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ го претстави Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос.

По 20 години нова биста на народниот херој Стив Наумов пред студентскиот дом во Скопје, кој го носи неговото име

Еден месец по отворањето на темелно реновираните објекти, во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска Автокоманда поставена е и биста на народниот херој по кого е именуван домот, речиси две децении откога е украдена претходната. Бистата официјално беше откриена денеска во присуство на претставници од Сојузот на борци од НОВ, кои положија цвеќе пред споменикот на Стефан Стив Наумов (1920 – 1942), роден на денешен ден пред 106 години.

ВМРО-ДПМНЕ: Падот почна од СДС, Филипче и Заев, па продолжи со Вучиќ

Денес Филипче се обидува да се претстави како жесток критичар на Александар Вучиќ, но сите добро се сеќаваме на периодот кога тој и Зоран Заев градеа блиски политички односи со него, склучуваа пактови, а имаше големи дружби и пијанчења до раните утрински часови

To top