Македонија

Сиљановска-Давкова во работна посета на САД: средби со генералниот секретар Гутереш и други светски лидери по повод 80. Генерално собрание на ОН

Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова ќе ја започне работната посета на Соединетите Американски Држави денеска во Њујорк со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените.



Како што јави известувачот на МИА, темата на состанокот во Њујорк е „Повторна посветеност, обезбедување ресурси и забрзување на спроведувањето на Пекиншката декларација и Платформата за акција за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња“. На пленарната сесија, која ќе трае во текот на целиот ден, ќе има излагања од претставниците на сите држави-членки на ОН и сите членови на специјализираните агенции и меѓувладини организации и ентитети со статус на набљудувачи во Генералното собрание.

Претседателката Сиљановска – Давкова ќе присуствува и на ручекот, кој се организира под мотото „Жените се креваат за сите“ („Women Rise for All“), приреден од заменик-генералната секретарка на ОН Амина Мохамед. Се очекува овој настан да ја истакне трансформативната лидерска улога на жените кои ги унапредуваат „Целите за одржлив развој“ и да ги поврзе влијателните жени-лидерки од целиот свет. Настанот обезбедува платформа за размена на идеи, стратегии и зајакнување на мрежите, заради поттикнување на одржливиот развој.

Според агендата, Сиљановска- Давкова денеска ќе присуствува и на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – Балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери- при ГС на ОН.

Во рамки на неколкудневната посета на САД македонската претседателка Сиљановска-Давкова, ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво, што се одржуваат по повод 80 години од Генералното собрание на ОН. Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“. Сиљановска-Давкова ќе има средба со генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш. Предвидени се и други средби со светски лидери. За време на работната посета на САД, претседателката Сиљановска – Давкова ќе престојува и во Детроит.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top