Македонија

Сиљановска: Урсула не ми спомна ни топка ни двор…

Ова беше коментирот н претседателката на пораката на Фон дер Лајен на ‘Х’ по средбата во Скопје дека „Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор“

„На средбата кај мене не стана збор ниту за топка, ниту за двор, ниту за игралиште“, изјави вчера претседателката  Гордана Сиљановска-Давкова за средбата со шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, која по послдната посета на Скопје, преку социјалните мрежи порача што треба да направи Македонија на патот кон ЕУ.

„Следниот и единствен чекор пред отворањето на преговорите е јасен. Треба да ја направите договорената уставна промена. Топката е во вашиот двор. ЕУ е подготвена“, напиша Фон дер Лајен на ‘Х’.

Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, претседателката Сиљановска-Давкова вели дека го прашала и премиерот Христијан Мицкоски дали можеби кај него Фон дер Лајен кажала такво нешто, но и тој и одговорил одречно.

„Не, не, ни кај него не зборувале за игралишта и топки. На Твитер тоа излезе“ рече претседателката

„Е сега, низ призма на она што веќе го кажав – видете, топката е реквизит. Освен во уметничката гимнастика, сами со топка, сам со топка никој не игра.

Значи, топката е инструмент за игра. За игра се потребни двајца. Играта секогаш се одвива по точно утврдени правила. Правилата не се менуваат во текот на играта, што ни се случи нам.

Е сега, што ако е топката од офсајд или што ако е топката со фаул фрлена во игралиштето? Или, што ако голов е празен, нашиот беше празен, па го полнеа, го полнеа, мрежата се искина“ праша Сиљановска Давкова и продолжи:

„Значи, правилата во играта се однапред утврдени. Тоа е прво.

Второ, кога мене ме прашуваат однадвор – ‘дали ќе го смените Уставот’, јас не можам таква гаранција да дадам, јас велам не сум јас Јован Безземја, не сум јас апсолутен монарх. Значи, парламентот тоа го прави. А пратениците гласаат по сопствено уверување и ги претставуваат граѓаните, не мене и не ЕУ. Да бидам искрена. Значи кога вие велите сменете го Уставот, професорот во мене вели вака – ‘кога вака ми велите мене, морате да го смените Уставот’, вие ми велите – ‘заборавете на парламентарната демократија, оти таа има неизвесен резултат’… Е сега, тоа е нешто што ме тера на следново.

Да подразмислиме, како можело во Преговарачка рамка и во заклучоци да влезат одредби од записник…“рече претседателката на Македонија на гостувањето во „360 степени“

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top