Македонија

Синоќа регистриран нов земјотрес во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 20 часот и 39 минути регистрираше земјотрес

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 20 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Кичево, 75 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда 2.7 степени.

Според податоците со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Кичево, Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top