Македонија

Сите осомничени за криминалот во ФФМ се обезбедени

Уште еден во притвор

Осомничените за криминалот во Фудбалската федерација на Македонија, тежок 2,4 милиони евра, нема каде да избегаат. Основното јавно обвинителство информира дека сите лица за кои постои сомневање за милионски злоупотреби во Федерацијата се обезбедени. Првоосомничен е Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на ФФМ.

„Денеска се определени мерки на претпазливост за двајца осомничени и мерка куќен притвор за едно лице. Со ова, сите осомничени се обезбедени“, велат од ОЈО.

Од Обвинителството засега не откриваат како планираат да ја надоместат штетата од осомничените и дали е можно да бидат преземени мерки за замрзнување на имотот.

Претходно, Основното јавно обвинителство отвори предмет за сомнежи за сериозен криминал во Фудбалската федерација на Македонија, во кој првоосомничени се поранешните претседатели Илчо Ѓорѓиоски и Муамед Сејдини, додека третоосомничена е главната сметководителка.

Според Обвинителството, двајцата поранешни претседатели потпишале 728 платни налози, подготвени од третоосомничената сметководителка, за услуги и стоки што никогаш не биле испорачани до Федерацијата.

Истрагата опфаќа и осум фирми, како и други физички лица, кои, според сомнежите, доставувале фиктивни фактури до ФФМ за услуги што никогаш не биле реализирани, а биле целосно исплатени.

Предметот сè уште е во истражна постапка, а според најавите, по завршувањето на истражните дејствија ќе следува и официјално поднесување обвинение.

Најнови вести од: Македонија

Конспиративни теории за абортусот во судирот меѓу Јас сум жена и Мрежата за заштита од дискриминација

Мрежата за заштита од дискриминација која во јавноста се смета за блиска на екс министерка за труд и социјала во владата на Зоран Заев, шпекулира во јавноста со Теории на заговор

(Фото): Силно политичко партнерство меѓу Македонија и Црна Гора и засилена економска соработка – Николоски во Подгорица на средба со премиерот Спајиќ

Заменик-претседателот на Владата Александар Николоски е во работна посета на Црна Гора, каде денеска оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ. Во фокусот на средбата беа унапредувањето на политичките и економски односи, регионалниот развој и евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан. Од средбата беше испратена јасна порака дека Македонија и Црна […]

To top