Македонија

„Скопје е скриен европски бисер во кој може да се живее со малку пари“: Светски јутјубер воодушевен

Од тука е и најдобрата личност од историјата

Познатиот јутјубер NanoBytesInc, кој има милиони прегледи на своите авантуристички видеа, започна нов предизвик – да открие колку долго може да преживее во европските земји со само 100 долари.

Во две нови видеа, тој ја избра Македонија и го покажа животот низ Скопје со буџет од околу 6000 денари.

Со впечатлива едноставност, NanoBytesInc прикажува како во македонската престолнина може да се ужива во цел ден исполнет со оброци, пијалаци и авантури – без да се потроши богатство.

На видеото се гледа како купува сок и ужинка во локална пекарница, јаде вкусен ручек во традиционален ресторан, престојува во чист и модерен хостел и дури одвојува пари за кафе и десерт во центарот на градот.

„Скопје е прекрасно место за патници кои сакаат да добијат многу за малку пари. Храната е одлична, луѓето се гостопримливи, а градот има уникатна енергија,“ вели тој во видеото.

Целиот текст на Женски магазин.

<iframe width=”560″ height=”315″ src=”https://www.youtube.com/embed/wsAE3TjqfBs?si=yvgCO9HqHQQragF1″ title=”YouTube video player” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture; web-share” referrerpolicy=”strict-origin-when-cross-origin” allowfullscreen></iframe>

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top