Македонија

Скопје започнува нова ера – ќе има подземна сообраќајница во центарот на градот

Скопје започнува нова ера во урбаната инфраструктура, подземната сообраќајница на булевар Македонија ќе ги растовари метежите и ќе воведе современи решенија според европските стандарди.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски ја најави денес официјално потпишаната одлука за јавна набавка за изградба на првата фаза од првата подземна сообраќајница во главниот град. Проектот ќе се реализира на потегот од под „Лимак“ до влезот на Кисела Вода.

  • По завршувањето на правната постапка, веднаш започнуваме со работа. Ова е проект што претставува вистински пресврт за централното градско подрачје, капитална инвестиција што ќе го растовари сообраќајниот метеж и ќе донесе нова динамика во срцето на градот – истакна градоначалникот во својата објава на Фејсбук.

Со изградбата на подземната сообраќајница, Скопје ќе добие шест ленти, четири за двосмерен автомобилски сообраќај, две наменети за јавен превоз и дополнителни пешачки патеки, кои ќе овозможат побезбеден и побрз проток на возила.

Дополнително, новиот кружен тек кај „Нова Македонија“ и двата кружни тека на потегот кај булевар Кочо Рацин и улица Железничка ќе го подобрат сообраќајното движење и ќе внесат паметни, модерни решенија во согласност со европските стандарди.

  • Со пуштањето во употреба на подземната сообраќајница под „Лимак“, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо, нешто што досега не било својствено за нашиот град. Овој проект значи дека центарот ќе се ослободи од гужвите, станувајќи покомфорен, побезбеден и поуреден простор за сите – додава Ѓорѓиевски.

Градоначалникот го нарече проектот симбол на новото време за Скопје и потврди дека преродбата на градот официјално започнува.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top