Македонија

Скопскиот аеродром отворен, но маглата предизвика масовни откажувања

Поради густата магла, денеска се откажани сите утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје.

Поради густата магла, денеска се откажани сите утрински летови од Меѓународниот аеродром Скопје.
Откажани се летовите на „Визер“ кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција, како и летот до Загреб на „Кроација ерлајнс“ и до Истанбул на „Туркиш ерлајнс“.

Во моментот на аеродромот нема ниту еден авион. Шесте авиони на „Визер“ стационирани во Скопје не успеаја да слетаат претходната вечер и беа пренасочени кон аеродромите во Приштина, Софија, Тирана, Солун и Охрид. Екипажите на „Визер“ утрово патуваа до тие аеродроми за да ги преземат авионите и да ги превезат патниците кон Скопје.

Поради намалената видливост под 100 метри (под минимумот за категорија 1 инструментално слетување на скопскиот аеродром), вчера слетаа само три авиони, кои подоцна и полетаа кога условите малку се подобрија. До 18 часот на 20 декември евидентирани се вкупно 16 откажани и 11 пренасочени летови.
Од ТАВ Македонија истакнуваат дека аеродромот е постојано отворен, без разлика на временските услови, а персоналот е подготвен да ги прими и испрати авионите и патниците.

„На веб-страницата на Меѓународниот аеродром Скопје сите промени во редовниот распоред на летање се ажурираат во реално време, како што информациите стигнуваат во нашите системи. Нашиот пулт за информации работи 24/7 со персонал кој е присутен на аеродромот, а нон-стоп работи и нивната телефонска линија, со број: +389 2 3148 333, каде што патниците можат да се информираат за статусот на нивните летови“ – велат од аеродромот.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Скопје и во наредните три дена се очекува променливо облачно време со појава на магла.

Најнови вести од: Македонија

Државата ќе дава ваучери до 83.000 денари – Кој се може да аплицира?!

Право на учество имаат домаќинства во кои живеат лица корисници на надоместок заради попреченост, како и домаќинства со деца со попреченост кои користат посебен додаток до 26 години, при што се утврдени јасни доходни критериуми за 2025 година. При пресметката на вкупниот доход не се земаат предвид надоместоците за попреченост, со цел поддршката да стигне до оние на кои им е најпотребна.

Зошто депониите се палат често во градовите, а сторителите тешко се наоѓаат?!

Министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа најави дека 2026 година ќе биде клучна за почнување на изградбата на регионалните депонии во Новаци и Русино, проекти што треба трајно да го решат проблемот со дивите депонии и управувањето со отпадот.

Иран собори два американски борбени авиони: Потрагата по еден од пилотите се уште трае

Нафтените пазари беа затворени откако референтните цени на американската сурова нафта пораснаа за 11 проценти во четвртокот по говорот на Трамп кој не понуди јасен знак за непосреден крај на војната.

To top