Македонија

Слаб земјотрес регистриран ноќеска

Земјотресот од 3 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во епицентралното подрачје на Тетово-Гостивар

 

Слаб земјотрес бил регистриран синоќа во западниот дел на Македонија.

Според достапните сеизмолошки податоци, потресот се случил 6 минути по полноќ.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

„Земјотрес со локална магнитуда од 3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во епицентралното подрачје на Тетово-Гостивар синоќа во 00:06 часот“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top