Македонија

Со „молотов коктел“ запалил сува трева и пеплосал еден куп вегетација

Во раните утрински часови кога е тивко, барем околу природа, во кумановската населба Средорек избувнал пожар откако лице во алкохолизирана состојба фрлило молотов коктел врз сува трева, соопшти МВР.

На лудоста на луѓето никако да им дојде крајот. Во раните утрински часови кога е тивко, барем околу природа, во кумановската населба Средорек избувнал пожар откако лице во алкохолизирана состојба фрлило молотов коктел врз сува трева, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот бил пријавен во 02:10 часот, по што полициска екипа излегла на терен и го затекнала осомничениот, 27-годишниот С.С. од Куманово.

Според полицијата, очевидец го посочил токму него како сторител на делото. По приведувањето, било утврдено дека С.С. имал 2,40 промили алкохол во крвта. Тој е задржан во полициска станица, а против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години

Според Муцунски, по повеќе од 20 години, свеста на Ахмети останува заглавена во тие времиња, особено во однос на предлозите за избор на Влада со Бадентерово мнозинство во парламентот и одлучување во Уставниот суд со двојно мнозинство за закони донесени со тој механизам.

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top