Македонија Бизнис

Со нов Закон ќе се олеснува поставувањето на фотоволтаици на покривите

Со предлог измените се поедноставува и постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа на потрошувач-производител кој користи обновливи извори на енергија.

Министерството за енергетика подготвува ново законско решение со кое ќе се зголеми прагот за кровните фотоволтаици на домаќинствата или потрошувачите-производители до 10 киловати, дознава „Фактор“. Истовремено ќе се скрати рокот за издавање на дозволи за инсталација на кровни фотоволтаици. За првпат во законската регулатива се предлага да се воведе законски рок за административната постапка за издавање на дозволи за поставување на кровни фотоволтаици за потрошувач – производител.

Овие измени се предвидуваат во предлозите за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги објави на ener.gov,mk.

Рокот од еден месец ќе се однесува на постапката за издавање дозвола за поставување соларна опрема со капацитет до 100 киловати, како и за потрошувач-производител на обновлива енергија и за заедници на обновлива енергија. Со измените потрошувачите-производители добија повисоки прагови за своите електрани и тоа за домаќинствата лимитот е до 10 киловати, а компаниите до 70 киловати.

Со предлог измените се поедноставува и постапка за приклучување на електродистрибутивната мрежа на потрошувач-производител кој користи обновливи извори на енергија.

– Доколку при анализа на условите за приклучување се утврди дека не е можно приклучување на предложената локација, операторот на електродистрибутивниот систем е должен во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето за приклучок, писмено да го извести барателот и да му предложи алтернативна точка за приклучување, врз основа на технички и безбедносни причини или некомпатибилност на компонентите на системот. Операторот на електродистрибутивниот систем е должен да го приклучи енергетскиот објект на електродистрибутивната мрежа во рок од еден месец од официјалното потврдување на комплетноста на поднесената документација. Доколку операторот на електродистрибутивниот систем не се произнесе во рокот од мрежните правила се смета дека согласноста за приклучување е дадена, објави предлагачот.

Министерството предлага и 20-годишна стратегија за реновација на станбени, јавни и комерцијални згради со енергетски ефикасни решенија. Односно, Владата, на предлог на МЕРМС  донесува  и долгорочна стратегија за реконструкција на станбени, јавни и комерцијални згради, со која овие градби и стамбени и деловни објекти ќе ги трансформира   во високо енергетски ефикасни објекти со речиси нулта потрошувачка, со можност за широка интеграција на обновливи извори на енергија (ОИЕ), како што се соларните системи.

Тројно ќе се зголеми и заштедата во јавниот сектор, односно МЕРМС во соработка со Службата за општи и заеднички работи при Владата подготвува  и предлог план за реконструкција на згради кои се користат во јавниот сектор, и тоа со реконструкција на најмалку 3 отсто од корисната подна површина на зградите годишната заштеда на енергија се зголемува од 1 на 3 проценти. Ова се однесува на објекти со вкупна корисна подна површина  над 250 квадратни метри кои не ги исполнуваат минималните барања за енергетски  карактеристики, а кои се користат од страна на лицата од  јавниот сектор на државно ниво.

Инсталацијата на соларни колектори за топла вода во новите јавни објекти или при значајна реконструкција на објекти станува задолжителна, доколку е технички и економски изводливо.

МЕРМС воспоставува и финансиски механизми, јавни повици и едношалтерски систем за поддршка на проекти за енергетска ефикасност и ОИЕ, овозможувајќи инвестиции во соларни панели, геотермални системи и паметни технологии, како механизми за постигнување на целите на Стратегијата за реконструкција.

Јавниот сектор се обврзува да набавува производи, возила и згради со највисоки енергетски и еколошки стандарди, вклучувајќи сертификати за енергетски карактеристики, промовирајќи технологии со низок јаглероден отпечаток.

Измените влијаат и креирање можност за меѓуопштинска соработка за локален развој во општини со помалку од 15.000 жители. Тие можат да формираат заеднички тела за програми за енергетска ефикасност, и со усвојување на програма за енергетска ефикасност ќе добијат пристап и до Фондот за енергетска ефикасност.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Од историска касарна до најдобра зелена библиотека во светот: „Рами“ во Истанбул го освои првото место на наградите на IFLA

Најголемата библиотека во Истанбул, „Рами“, го освои првото место во категоријата „Проект од големи размери“ на наградите „Green Library Awards 2026“

Димитриеска-Кочоска: Старите долгови мора да се враќаат – речиси 1,5 милијарди евра доспеваат во 2027 година

Новата еврообврзница, чие издавање е планирано во 2027 година, е дел од навременото обезбедување пари финансирање на обврските на државата, меѓу кои и отплатата на значителен износ на стари долгови што достасуваат следната година, а земени од претходната Влада. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со обвинувањата на опозицијата за ново задолжување на Владата од 1,3 милијарди евра.

На патот Охрид-Кичево синоќа загина кошаркарскиот тренер Антонио Савески (33) од Охрид, откако возилото му удрило во кучиња и се запалило

Тешка сообраќајна несреќа изминатата ноќ, што се случи на автопатот Охрид-Кичево, заврши со трагичен исход: животот го загуби 33-годишниот Антонио Савески од Охрид, тренер во младинската школа на кошаркарскиот клуб „Ангели“.

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8

Министерот за здравство, Сашо Клековски одржа прес конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези, на која информираа дека се обезбедени 1.2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари.

To top