Македонија

Со полна пареа ќе се работи на инфраструктурни проекти во општините, потпишани договорите од вториот повик

Со 14 милијарди денари ќе се финансираат 828 проекти. За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на градоначалниците.

Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти.

За премиерот Христијан Мицкоски е значајно тоа што аплицирале сите општини без разлика на политичката припадност на градоначалниците.

  • За нас како Влада е многу значајно дека од сите општини, без разлика дали градоначалникот доаѓа од владината коалиција или од опозицијата или е градоначалник којшто е условно независен, се поднесоа проекти и за истите тие проекти денеска ќе ги потпишеме договорите, рече Мицкоски пред свеченото потпишување на договорите.

Со 14 милијарди денари ќе се финансираат 828 проекти. Премиерот најави дека Владата ќе продолжи да соработува со општините и со градежните компании за идните инвестиции што следат.

Изрази задоволство што на барањето на Министерството за финансии упатено до финансиските институции за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 се пријавиле реномирани банки од САД, Обединетото Кралство, Франција и локални банки.

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Велика Британија

Во интервјуто за „360 степени“ на Првата програма на Македонската телевизија министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека и покрај тоа што најповиканите во државата – претседателката, премиерот, министерот за надворешни и министерот за внатрешни работи, одговориле на темата, опозицијата одлучи сè уште да ја шири таа паника.  Тој смета дека темата за прием на одбиени баратели на азил во земјава шпекулативно ја отвориле медиуми од Велика Британија и тоа не само за Македонија. „Таква дискусија и намера од нашата влада ниту имало, ниту ќе има. Во ниедна форма, и легални и нелегални, вакви, такви, никакви мигранти нема да бидат примени во нашата држава врз основа на која било форма на договор со Велика Британија.“ – нагласува министерот Муцунски.

Послеконгресно „лавовско ревење“ на Ахмети: Не сум претставник на мачките, туку на лавовите! Ако излезам на улица, повеќе не се враќам!

На денешната предновогодишна средба со новинарите лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека „планот А останува развој и напредок на државата“. Тој изрази „надеж“ дека „нема да оди по план Б“. „Ако излезам на улица, не се враќам повеќе дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови!“ – додаде Ахмети. Ова го објави весникот на албански јазик „Лајм“. Што содржи „планот Б“ на „претставникот на лавовите“ – Али Ахмети?! Кому и поради што му се заканува со можно „излегување на улица“, ако не му се исполнел „планот А“, бездруго она што го договориле на нивниот саботен Конгрес?!

To top