Македонија

Собранието денеска треба да избере нов државен јавен обвинител

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски

Пратениците во Собранието на Македонија денес треба да гласаат за избор на нов државен јавен обвинител, a според Законот за јавното обвинителство , тој се избира во Собранието со најмалку 61 глас од пратениците. .

Ненад Савевски, кој во моментов е судија во Основниот кривичен суд Скопје, беше номиниран од Владата на 10 март, по спроведената постапка во која се пријавија петмина кандидати. Неговата кандидатура следува по оставката на поранешниот државен јавен обвинител Љупчо Коцевски.

За да ја преземе функцијата, потребна е поддршка од најмалку 61 пратеник.

Ненад Савевски е роден е во 1976 година и живее во Гостивар. По професија е магистер по правни науки од областа на казненото право, а студиите и магистерските студии ги завршил на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Правосудниот испит го положил во 2003 година.

Од 2016 година работи како судија во Основниот кривичен суд Скопје, во одделот за организиран криминал и корупција. Претходно, од 2009 до 2016 година бил јавен обвинител во Основното јавно обвинителство, а од 2004 до 2009 година работел како стручен соработник во Основниот суд Гостивар. Кариерата ја започнал како судски приправник во истиот суд.

Во својата професионална биографија има и повеќе меѓународни ангажмани, меѓу кои како експерт во ОБСЕ во Македонија, како и во проекти на Советот на Европа и УСАИД. Учествувал и во работни групи за судски и законски реформи и во проекти поврзани со кривичната постапка, притворот и посебните истражни мерки.

Покрај судската кариера, Савевски е предавач во Академијата за судии и јавни обвинители и обучувач во програмата HELP на Советот на Европа, како и автор и коавтор на повеќе стручни трудови и публикации од областа на кривичното право и човековите права.

На огласот за избор на државен јавен обвинител се пријавија и в.д. обвинителката Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Ленче Ристовска, поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски и обвинителката Лидија Раичевиќ.

Советот на јавните обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати – Тополова-Исајловска, Ристовска, Савевски и Раичевиќ, додека за кандидатурата на Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува законските услови во однос на работниот стаж.

По оставката на Љупчо Коцевски, функцијата привремено ја извршуваше Анита Тополова-Исајловска како вршител на должност.

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top