Македонија

Собранието го усвои Законот за игри на среќа – 500 метри оддалеченост од училишта и строги правила за реклами

Со овој Закон е воведувањето задолжителна одалеченост од 500 метри помеѓу објектите на среќа и училиштата, како и регулирањето на давањето подароци, т.н „giveaway“ активности.

Собранието го усвои новиот Закон за игрите на среќа и за забавните игри, со кој, како што соопшти Министерството за финансии, се воспоставува значително појасна и построга регулаторна рамка за целиот сектор. Со законските измени, прво се предвидува засилена контрола и надзор врз приредувањето на игрите на среќа, со цел намалување на сивата економија и спречување на финансиски злоупотреби. Од Министерството посочуваат дека законот е усогласен и со меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Една од новините се однесува на регулирањето на „подарување“односно „giveaway“ активности, за кои отсега ќе биде потребна дозвола за приредување и плаќање соодветна давачка. Со законот се уредува и дека правото на приредување на лотариски игри, како и електронските и интернет игрите на среќа, ќе биде во надлежност на државата, која ќе ги организира преку трговско друштво во државна сопственост.

Во делот на сопственичката и управувачката структура, се воведуваат критериуми за „fit and proper“ стандарди, со кои членовите на управните органи, содружниците и поврзаните лица ќе мора да исполнуваат услови за интегритет и соодветност.

Исто така законот забранува надворешно рекламирање, вклучително и светлечки реклами и реклами, а се забранува и  поттикнување учество на малолетници или пак содржина која ги поврзува игрите на среќа со решавање лични или социјални проблеми.

  • „Посебен акцент е ставен и на регулирањето на рекламирањето на игрите на среќа. За првпат јасно се забранува рекламирање на надворешниот дел од деловните простории, како и користење светлечки и агресивни реклами. Истовремено, се забранува рекламирање кое создава впечаток дека игрите на среќа се средство за финансиски успех, решение за лични или социјални проблеми или кое директно или индиректно ги поттикнува малолетниците да учествуваат во нив“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Новина е и воведувањето задолжителна оддалеченост од најмалку 500 метри помеѓу објектите за игри на среќа и основните и средните училишта, што се оценува како мерка за заштита на младите. Се воведуваат и нови правила за отворање деловни простории, со кои се ограничува можноста за добивање повеќе лиценци со ист основен капитал, односно за секоја дополнителна лиценца ќе биде потребно зголемување на капиталот.

  • „Во делот на инспекцискиот надзор и прекршоците се прошируваат основите за одземање лиценци и дозволи, а се зголемува и висината на глобите за сторените прекршоци, со што се овозможува поефикасно санкционирање на незаконското работење“, соопштуваат од Министерството.

Според Министерството за финансии, новиот закон треба да придонесе за поголема правна сигурност, подобра заштита на граѓаните и поефикасна борба против нелегалното приредување игри на среќа.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top