Македонија

Сообраќајците и казните „втеруваат“ ред и спасуваат животи: во декември приведени 132 безобѕирни возачи, а казнети 728 пијани возачи!

Според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на декември 2025 година евидентирани се 5.515 прекршоци за неправилно паркирање, 2.010 мерки се изречени за возачи, што управувале возило без возачка дозвола, како и 728 казни за возење под дејство на алкохол.

Санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 441 пешак. Сигурносен појас не користеле 1.136 учесници во сообраќајот. Санкционирани биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 441 пешак. Сигурносен појас не користеле 1.136 учесници во сообраќајот.

Во декември 2025 година, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.

Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 132 лица, од кои 109 за возење под дејство на алкохол, три за возење во забранет правец, 13 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, седум за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.

Согласно со одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, казнети биле 19 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, како и 441 пешак. Исто така казнети се 1.136 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 356 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а 187 поради техничка неисправност. Санкционирани се и 110 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top