Македонија

Соработката со САД продолжува: Савески разговараше со Никол Варнс за приоритетите на обвинителството

На средбата беше договорено во следниот период соработката да продолжи преку обуки, размена на искуства и заеднички активности за понатамошно јакнење на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

Јавниот обвинител Ненад Савески денеска оствари средба со вршителката на должноста шеф на Мисијата на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс.

На средбата се разговараше за приоритетите во работата на Јавното обвинителство, со акцент на подобрување на ефикасноста, зголемување на транспарентноста и натамошно јакнење на капацитетите на институцијата.

Ненад Савески се заблагодари за континуираната поддршка која САД ја даваат за унапредување на системот за владеење на правото во земјава, особено за функционирањето на Јавното обвинителство и за воспоставувањето и опремувањето на истражните центри во обвинителствата.

Вршителката на должноста шеф на американската мисија, Никол Варнс, му честиташе на Савески за изборот на највисоката јавнообвинителска функција и истакна дека Соединетите Американски Држави ќе продолжат да ги поддржуваат реформите и активностите кои придонесуваат за зајакнување на јавнообвинителскиот систем.

На средбата беше договорено во следниот период соработката да продолжи преку обуки, размена на искуства и заеднички активности за понатамошно јакнење на транспарентноста и ефикасноста на Јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top