Македонија

Спасовски не сака да биде координатор на пратеничката група на СДСМ

Со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори

Актуелниот пратеник и поранешен министер за внатрешни работи Оливер Спасовски , во гостување откри дека одамна побарал да биде разрешен од функцијата координатор на пратеничката група на СДСМ.

Тој истакна дека неговото барање не било поврзано со слабите резултати на локалните избори, туку со сосема друга ситуација во партијата.

Во гостување на ТВ Сител Спасовски објасни дека решил да се повлече во периодот кога во јавноста се подготвуваше резолуцијата за односите со Бугарија. Според неговите зборови, веднаш кога документот требало да се достави во Собранието, тој изразил несогласување со стратегијата што ја туркал дел од раководството — особено со идејата за таканаречените „црвени линии“ во билатералниот спор.

Како што кажа, токму поради тој предлог-курс побарал да не ја извршува повеќе координаторската позиција.

Спасовски додаде дека со години предупредувал дека во партијата се замолчува реалната слика за состојбите, што, според него, на крај довело до „целосно дно“ на последните локални избори.

Тој смета дека СДСМ може да се опорави само ако повторно ги активира луѓето кои се повлекле од партиските активности, а задача на новиот претседател Венко Филипче е да ги охрабри тие кадри да се вратат. Притоа нагласи дека не мисли на оние што преминале во ВМРО-ДПМНЕ, туку на поранешни членови што останале пасивни, но не и политички префрлени.

Најнови вести од: Македонија

Кој и зошто му го хакирал мејлот на главниот државен ревизор Максим Ацевски?!

Хакиран бил мејлот на главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски, соопшти Државниот завод за ревизија. Можеби е некакво совпаѓање, но Ацевски само еден ден претходно, на 30 јули во интервју за ТВ 24 изнесе дека гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана.

Мицкоски за враќањето на пасошот на обвинетиот Марковски: Обвинител во Вишото обвинителство грубо манипулирал, соучесник е во ова, ќе има истрага!

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека го следи случајот со враќањето на пасошот на Борче Марковски, обвинет за злоупотреби од страна на Основниот суд во Струга, и посочи дека во него, како што истакна, „има груба манипулација од локален јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство, кој е соучесник во овој процес“.

Армијата на Република Македонија доби 53 нови офицери, Мисајловски им порача: Ќе бидете чувари на мирот, стабилноста и безбедноста

Армијата на Република Македонија денеска доби 53 нови офицери на свечената промоција што се одржа на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“. Промовирани беа 36 питомци од 26. класа, 16 слушатели од Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери за службите на Армијата, како и еден питомец, кој дипломирал на престижната Воена академија Вест Поинт во Соединетите Американски Држави.

Јачева- Улчар: Зад посебноста на македонскиот јазик стојат чувствата на македонскиот народ, но и аргументите на европската наука уште пред 120 години!

„Историјата на македонскиот јазик не ја испишувале само Македонците. Во неа своја трага оставиле и некои од најголемите европски лингвисти на своето време. Кога денес зборуваме за македонскиот јазик не смееме да заборавиме дека зад неговата посебност не стојат само чувствата на еден народ. Стојат и научни аргументи изградени многу пред создавањето на современите држави на Балканот. Историјата на македонскиот јазик не треба да се брани со пароли, туку со документи и факти, кои сведочат дека уште пред повеќе од еден век најугледните европски лингвисти го препознале она што денес некои сѐ уште се обидуваат да го негираат.“ – нагласува д-р Елка Јачева – Улчар, професорка во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во својата објава на фејсбук со наслов „За посебноста на македонскиот јазик“.

To top