Македонија

Спикерот Африм Гаши ги распиша локалните избори, првиот круг на 19. октомври

Гаши по распишувањето на изборите порача дека очекува претстојниот изборниот процес да биде доказ за демократска зрелост и да биде одраз на волјата на граѓаните, а не на манипулациите.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска (9 август) ги распиша локалните избори во Македонија на кои треба да се изберат градоначалници и членови на советите на сите 80 општини и Градот Скопје.

„Изборите не се прост технички процес, туку се суштината на нашата демократија. Тие претставуваат реална можност граѓаните да изберат водачи кои одразуваат одговорност, визија и посветеност кон јавниот интерес“, изјави Гаши.

Денот на гласање во првиот круг ќе биде 19 октомври 2025, додека вториот ќе се одржи две недели подоцна, на 2 ноември.

Во првиот круг треба да бидат избрани новите состави на општинските совети, додека за градоначалник ќе се смета дека е избран оној кој освоил мнозинство гласови под услов на гласање да излегле барем една третина од гласачите запишани во Избирачкиот список во конкретната општина.

Според правилата, ако ниту еден од кандидатите не го исполни потребниот услов, се одржува и втор круг во кој граѓаните бираат меѓу двајца кандидати кои освоиле најголем број гласови.

Гаши во изјавата по распишувањето на изборите порача дека очекува претстојниот изборниот процес да биде доказ за демократска зрелост и да биде одраз на волјата на граѓаните, а не на манипулациите.

Тој упати повик до сите политички сили, кандидати и соодветни структури „да покажат висок степен на политичка култура“.

„Да избегнуваат каква било форма на притисок, разделбен говор и секој обид за инструментализација на институциите и на јавните ресурси за партиски интереси. Ова е процес што треба да се фокусира на граѓанинот, на неговите реални потреби и предизвици, и на конкретните решенија што секој кандидат треба да ги понуди“, наведе Гаши.

На овие избори, потенцира Гаши, неопходно е да ги покажеме европските вредности и стандарди за да ја одразиме нашата непоколеблива посветеност кон интеграцијата.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

To top