Македонија

Спречен шверц на околу 200 килограми марихуана

Транспортотот на дрогата бил во три возила – едно со швајцарски регистарски таблички и две со македонски ознаки

Синоќа околу полноќ, полициски екипи спречиле транспорт на околу 200 килограми марихуана во близина на Свети Николе, дознава „Република“ од извори во Министерството за внатрешни работи.

Во акцијата учествувале припадници на Бирото за јавна безбедност при МВР, од одделите за Организиран криминал и САЕ „Тигар“, кои блокирале три возила – едно со швајцарски регистарски таблички и две со македонски ознаки.

Според неофицијалните информации, возилото со швајцарски ознаки било качено на македонско шлеп-возило, кое се движело со претходница – таканаречен „чистач на патот“, што упатува на внимателно испланирана и координирана акција.

Изворите посочуваат дека најверојатно станува збор за организирана криминална група која делува на територијата на Македонија и соседните земји.

Ова е втора спречена рута за шверц на дрога што македонската полиција ја пресекла во текот на овој месец. Потсетуваме дека на почетокот на јануари беа откриени 10 килограми кокаин, скриени во специјално изработен бункер во возило.

Од МВР се очекуваат официјални информации во текот на денот.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top