Македонија

Средба Мицкоски – Рокас за Извештајот на ЕК

Евроамбасадорот Рокас во вторникот и го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе има средба со амбасадорот на Европската Унија во Скопје Михалис Рокас, во врска со Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата за 2025 година.

По средбата Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција, соопшти владината прес-служба.

Европската комисија на 3 ноември го објави извештајот за напредокот на земјава. Во извештајот се наведува дека македонските властите продолжија да работат на патоказите за владеењето на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на Акцискиот план за заштита на малцинствата, но важно е земјата да напредува и да ги финализира сите подготвителни работи поврзани со критериумите за отворање на Кластерот „Основи вредности“. Во документот се посочува дека се потребни понатамошни брзи и решителни активности во однос на одредниците за старт на преговорите во согласност со Преговарачката рамка, со цел Првиот кластер да биде отворен што е можно поскоро и кога ќе бидат исполнети поставените услови.

Евроамбасадорот Рокас во вторникот и го предаде извештајот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а го презнтираше и пред пратениците на затворена седница во Собранието.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top