Македонија

Средба Муцунски-Петрова денеска во Софија

Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение, оцени премиерот Мицкоски

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Бугарија, Тимчо Муцунски и Велислава Петрова, ќе се сретнат денеска во Софија, на маргините од Меѓународната конференција за развојот и стратешкото значење на Паневропскиот коридор 8.

Средбата е и официјално потврдена, а како што информира вчера премиерот Христијан Мицкоски, форматот и начинот на нејзиното одржување дополнително ќе бидат утврдени.

„Во текот вчерашниот ден добивме официјална потврда за билатерална средба, а форматот и начинот дополнително стои во дипломатската нота дека ќе бидат договорени. Така што утре ќе има билатерална средба, ќе видиме во кој формат и како ќе изгледа таа средба, дали ќе биде pull-aside, дали ќе биде билатерална на маргините на Самитот за Коридорот 8. Сепак е ова мултилатерален настан, да видиме како тоа домаќинот ќе го организира“,  изјави вчера Мицкоски.

За пораките што ќе бидат испратени на средбата истакна дека во фокусот ќе биде потенцирањето дека само со дијалог може да се надмине моменталната состојба.

„Нашите пораките се јасни, дека само со дијалог можеме да дојдеме до решение од оваа состојба во којашто во моментот се наоѓаме, дека ние сме за добрососедски односи и ние сакаме што побргу да ја реализираме нашата стратешка цел, да бидеме дел од Европската Унија, нешто што многу одамна го заслуживме“  рече Мицкоски.

Иницијативата за средбата произлезе за време на неодамнешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Скопје. Мицкоски на заедничката прес-конференција со Фон дер Лајен, на која порача дека Европската Унија би требало да се вклучи во разговорите меѓу Македонија и Бугарија и да помогне во создавање услови за одржливо европско решение во кое договореното ќе биде јасно, а обврските ќе важат за сите, изјави и дека од неа добил совет како еден од чекорите за приближување за ставовите да биде токму престојната средба.

Уште истиот ден Муцунски испрати дипломатска нота за иницирање средба со неговата бугарска колешка Петрова, во обид да се поттикне процесот за надминување на пречките и бугарската блокада на македонската евроинтеграција. Бугарското Министерство за надворешни работи по оваа информација за БТА потврди дека шефовите на дипломатиите на двете земји ќе имаат можност да се сретнат на маргините на Министерска конференција, Петрова, а македонското МНР за МИА пoтврдија дека е побарана средба меѓу министерот за надорешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова на маргините на состанокот во Софија.

Очекувањата од македонска страна се преку директен дијалог, во добра волја и со взаемно почитување, да се отворат можности за деблокирање на интегративниот пат, при што се нагласува потребата од одржливо решение кое нема повторно да го изложи пристапниот процес на нови билатерални условувања.

Средбата меѓу двајцата министри за надворешни работи доаѓа и откако Европската комисија објави предлог за идното проширување, во кој меѓу другото се предлага квалификувано мнозинство за отворање на преговорите и постепена интеграција, но со заштитни клаузули што треба да обезбедат дека новите членки ќе го почитуваат тоа на што се обврзале во преговорите. (МИА)

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

To top