Македонија

Средба на претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова денес во Охрид со претседателот на Албанија Бајрам Бегај

„Претседателот на Албанија Бајрам Бегај денес се наоѓа во работна посета на Македонија. Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска -Давкова ќе му биде домаќин на Бегај.“ – објави ТВ Алсат. Телевизијата дополнува во веста: Претседателот на Албанија Бегај ќе биде пречекан во вилата „Билјана“ во Охрид, каде што е закажана средба и работен ручек со […]

„Претседателот на Албанија Бајрам Бегај денес се наоѓа во работна посета на Македонија. Претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска -Давкова ќе му биде домаќин на Бегај.“ – објави ТВ Алсат.

Телевизијата дополнува во веста: Претседателот на Албанија Бегај ќе биде пречекан во вилата „Билјана“ во Охрид, каде што е закажана средба и работен ручек со македонската претседателка Силјановска-Давкова.

Најнови вести од: Македонија

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, се бара и куќен притвор

Единицата за корупција во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против судијата Ѓоко Ристов од Неготино, со живеалиште во Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „противправно стекнување и прикривање имот“ по чл.359-а ст.3 в.в. ст.1 и „перење пари и други приноси од казниво дело“ по чл.273 ст.1 од КЗ.

Тестирање на камерите на „Безбеден град“ уште некој ден – наскоро ќе фрчат казни за прекршителите

Од сега до 31 јануари ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на уредите поставени за надзор на сообраќајот во рамки на проектот „Безбеден град. Од МВР информираат дека тестирањата ќе се реализираат секој ден, од 08:00 до 20:00 часот, при што за време на овие активности нема да биде дозволено поминување на возила додека не заврши постапката.

To top