Македонија

Ковачев до „пријателите на Мицкоски“: Бугарија не ве спречува, надминете ја пропагандата од минатото

Нови „лекции“ со стара содржина од бугарскиот европратеник за Македонија, овојпат за „пријателите“ на македонскиот премиер

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев со ново јавно обраќање до официјално Скопје, овојпат до „пријателите на Христијан Мицкоски“, како што рече на онлајн дебатата на тема „Каква е улогата на ЕУ во светската политика“, организирана од Бирото на Европскиот парламент.

„Ако пријателите на Христијан Мицкоски нè гледаат – тоа не е в ред, не треба да се прави така, Бугарија не е пречка на никаков начин. Постои европска рамка, имплементирајте ја за да започнете преговори, ние ќе помогнеме со што можеме, но надминете ја оваа негативна пропаганда што доаѓа од минатото, од комунизмот, како што ја надминавме ние. Немаме ништо против современиот македонски идентитет и современиот македонски јазик, едноставно не сакаме македонските Бугари да бидат репресирани“, рече Ковачев.

Според потпретседателот на ГЕРБ на бившиот бугарски премиер Бојко Борисов, Црна Гора и Албанија напредуваат многу брзо и се очекува да бидат „бирократски подготвени за да бидат следните членки на Европската унија“ што е можно поскоро.

„Тоа е многу демотивирачки за земји како Северна Македонија и Србија, но нивните елити треба да се погледнат себеси и да видат зошто е така – дали некој однадвор – како Бугарија – ги спречува или дали тие самите не сакаат интеграција. Тие треба да се ослободат од товарот на минатото, особено Северна Македонија“, повика тој. „Ние ја сакаме нивната интеграција“.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top