Спорт

По 89. место во спринтот на ЗОИ, Јада се врти кон „неговите“ 10 км

Зад македонскиот нордиец завршија петмина натпреварувачи од Унгарија, Португалија, Грција, Боливија и Киргистан

Откако денеска го проби мразот од четиричлената македонска репрезентација на 25. Зимски олимписки игри во Милано Кортина, освојувајќи го 89. место меѓу 94 учесници што го завршија спринтот, Ставре Јада се врти кон трката на 10 км на 13 февруари од 11:45 часот, дисциплина во која ги има остварено своите најдобри резултати.

Македонскиот знаменосец на свеченото отворање на неговата трета олимпијада ја помина патеката од 1,6 километри за 3:59,56 минути, заостанувајќи 52,19 секунди зад најбрзиот во квалификациите Јоханес Клаебо од Норвешка.

Зад Јада завршија претставниците на Унгарија, Португалија, Грција, Боливија и Киргистан.

Задутре од 13 ч. на олимписките терени ќе се појави и вториот претставник на Македонија, нордијката Ана Цветановска, која ќе настапи во квалификациите на 10 км.

 

 

 

Најнови вести од: Спорт

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија 2027 во Истанбул се организира во соработка со Министерството за култура и туризам и Министерството за млади и спорт на Турција, Генералната управа за забава на Кралството Саудиска Арабија, Кралската шпанска фудбалска федерација, Турската фудбалска федерација, компанијата за организација на настани Sela Events и турската агенција за комуникации и маркетинг Hezarfen Ajans.

To top