Македонија

Средба Николоски – Варнс за продлабочување на односите со САД

Фокус на регионално поврзување и квалитет на живот

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија.

На средбата разговарале за тековните инфраструктурни проекти, економската соработка и можностите за понатамошно продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји.

Николоски истакна дека Владата е силно посветена на реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции, кои ги смета за значаен двигател на економскиот раст, регионалното поврзување и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните.

„Продолжуваме со продлабочување на соработката во сите области од заемен интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји“, порача Николоски по средбата.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top