Македонија

Средба Перински – Варнс: Стратегиското партнерство со САД е врвен приоритет

Министерот за локална самоуправа Златко Перински оствари средба со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнс. Потврдена е заедничката посветеност за натамошно унапредување на стратегиското партнерство меѓу двете држави

Како што информира Перински преку општествените мрежи, во разговорот биле претставени клучните приоритети на министерството за наредниот период, со нагласка на функционирањето на Ресурсниот центар како механизам за надминување на административните предизвици на локално ниво, за поттикнување на меѓуопштинската соработка и обезбедување порамномерен регионален развој.

Соговорниците размениле мислења и за зајакнување на системите за интегритет на локално и национално ниво, области во кои институциите соработуваат со Националниот демократски институт преку проектот „Заедници со интегритет“.

На средбата накратко било разговарано и за работната посета на Перински на Вашингтон и за одржаните состаноци во рамки на агендата. Перински оценил дека партнерството со САД претставува еден од клучните надворешнополитички приоритети и нагласил дека институциите остануваат посветени на негово понатамошно продлабочување.

Најнови вести од: Македонија

Повеќе инциденти во Скопје во последното деноноќие: Напад врз полицајци пред дискотека во Карпош

Нарушување на јавниот ред, напад врз полицајци, грабеж, физички напад со остар предмет и приведувања за дрога – повеќе инциденти се регистрирани во Скопје во изминатото деноноќие.

To top