Македонија

Средби на македонски и британски министри во Лондон

Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат утре. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер, изјави министерот за транспорт, Александар Николоски.

Обединетото Кралство се сериозно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада, рече вицепремиерот Александар Николоски по средбата со министерот за бизнис и трговија од Обединетото Кралство, Сер Крис Брајан. На средбата присуствуваа и министерката за финансии, Гордана Кочоска Димитриеска и министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Николоски најави голем број средби со високи владини претставници.

  • Денеска ја почнуваме дводневата работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски во која покрај мене е и министерката за финансии, минстерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за европски прашања. Главата цел зошто сме тука е Берлинскиот процес, односно средбите на највисоко ниво кои ќе се одржат во текот на утрешниот ден. Берлинскиот процес го организира лично премиерот Кир Стармер и повторно ќе имаме чест во краток период од само 5-6 месеци премиерот Мицкоски да разговара со премиерот Стармер – изјави Николоски.

Во текот на денешниот ден премиерот Мицкоски ќе има прием кај неговото Кралско Височество, кралот Чарлс, додаде Николоски, што е едно посебно достигнување и чест имајќи предвид дека Македонија во минатото не може да се пофали со ваква голем чест.

  • Имаме доста средби со членовите на Владата, само што завршивме со средба со министерот за трговија и економија, најзначајниот министер за нас, затоа што токму со овој ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада, со кој на Македонија ѝ се ставаат на располгање 6 милијарди евра за инфраструктурни проекти. Веќе разговаравме за развојот на брзата пруга на Коридор 10, каде добро напредуваат работите. Веќе почнаа да се работотат документите со цел почеток на работа, ветивме дека оваа есен почнуваме и еве почнуваме. По завршувањето на локалните избори, кога ќе престанат ограничувањата од Изборниот законик, ќе почнеме да работиме на болниците во Штип, Тетово и Кичево и секако на други на инфраструктурни проекти – рече Николоски.

Во текот на утрешниот ден ќе имаме и средба со директорот на Инструментот за меѓународна подршка на Обединетото Кралство и министерот за Европа и Северна Америка, додаде Николоски.

  • И многу значајно, со министерот за транспорт со кој ќе потпишеме меѓудржавен договор за соработка во делот на воздушниот сообраќај, што ќе значи зголемување на можностите за директни летови од Англија кон Македонија за повеќе туристи и повеќе бизнис. Тука се неколку финансиски институции со кои ќе разговараме за финансирање за реализација на големите проекти така што и политичката и економската димензија е огромна и навистина ќе имаме една плодна дводневна посета во Лондон. И првата средба тоа го покажува дека сме на добра патека и првата средба со министерот за трговија и економија покажува дека се силно посветени на реализација на Договорот Влада со Влада меѓу Македонија и Обединетото Кралство – изјави вицепремиерот Николоски

На самата средба со министерот за бизнис и трговија, Сер Крис Брајан беа истакбати стабилните економски и политички односи, високото ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија, која е силен партнер во релизацијата на стартешките цели на земјата.

  • Македонија е на пат да реализира огромни инфраструкутрни проекти во делот на железничкиот и патниот транспорт и инфраструктура и здравството и тоа со огромна подршка на Владата на Велика Британија преку Договорот за соработка – истакна на средбата потпретседателот Николоски, соопшти Министерството за транспорт.

Министрите се дел од владината делегација која ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, која присуствува на Самитот за Западен Балкан-Берлински процес, кој се одржува во Лондон.

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top