Македонија

Срушен рекордот во наплата на Царина, во јуни во буџетот се слеале 206 милиони евра

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, вели дека институцијата третпат бележи највисока месечна наплата во својата историја, со раст кај речиси сите клучни приходи.

Рекордна наплата од 206 милиони евра е остварена во јуни годинава, со што по третпат е надминат највисокиот месечен резултат во историјата на Царинската управа. Според директорот на институцијата и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бобан Николовски, во државниот буџет биле инкасирани 12,68 милијарди денари, што е за 22,5 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани.

Раст од речиси 38 милиони евра

Гостувајќи во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија, Николовски истакна дека во јуни биле наплатени околу 37,9 милиони евра повеќе отколку во истиот месец минатата година.

  • Во Царинската управа имаме континуитет на рушење рекорди. Тоа за мене е сигнал дека сме на прав пат. Третпат имаме највисока месечна наплата од постоењето на институцијата – рече Николовски.

Тој посочи дека е надминат и претходниот рекорд поставен во јули минатата година.

Раст кај ДДВ, царините и кај акцизите

Според податоците што ги презентираше директорот на Царинската управа, најголем раст е забележан кај приходите од ДДВ при увоз. Приходите од ДДВ при увоз се зголемени за 26,2 отсто, приходите од данок на моторни возила за 24,4 отсто, приходите од царина за 19,5 отсто, а акцизите за 15 отсто.

„Континуитетот е најважен“

Николовски оцени дека најголемата вредност не е само во соборувањето на рекордите, туку во нивното повторување од месец во месец.

  • Царинската управа не само што поставува рекорди во месечната наплата, туку тоа го прави во континуитет. Токму континуитетот и доброто работење беа потребни, а веќе две години покажуваме дека сме на солиден пат – истакна тој.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Најнови вести

To top