Македонија

Стан од 45 квадратни метри во Кисела Вода продаден за 130 илјади евра

Платени се 2.888 евра по квадратен метар

 

Во првиот квартал од оваа година, највисоката цена постигната за стан по квадратен метар била 177.667 денари (130.000 евра) за вкупна површина од 45 квадратни метри, лоцирана на територијата на Општина Кисела Вода.

Платени се 2.888 евра по квадратен метар.

Ова го покажуваат податоците од Извештајот објавен денес од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март оваа година, според кои бројот на трансакции на пазарот на недвижности е значително намален.

Во споредба со четвртиот квартал од 2025 година, бројот на продадени станови во првиот квартал од 2026 година е намален за 27 проценти…

Бројот на продадени домови, исто така, е намален за 23 проценти, а квартален пад е забележан кај продажбата на земјоделско земјиште и шуми, за 8 проценти, како и кај продажбата на деловни простории за 11 проценти.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top