Македонија

Стан од 83 квадратни метри во Центар бил продаден за 246.171 евро

По општини, најмногу трансакции се реализирани во Центар (812), Аеродром (645), Штип (634), Карпош (472), Битола (415) и Гази Баба (410).

За 182.404 денари за квадратен метар бил продаден стан во Центарот на Скопје, покажуваат податоците од најновиот Извештај на Регистарот на цени и закупнини, објавен од Агенцијата за катастар на недвижности (АКН).

Во четвртиот квартал од 2025 година, најголем број продадени станови се евидентирани во општина Аеродром, каде што се реализирани 304 продажби.

Најмногу продадени куќи, пак, има во општина Битола – вкупно 91, додека кај деловниот простор најголем обем на продажби е регистриран во општина Центар со 31 трансакција.

По општини, најмногу трансакции се реализирани во Центар (812), Аеродром (645), Штип (634), Карпош (472), Битола (415) и Гази Баба (410). На спротивниот крај се помалите општини, каде што бројот на трансакции е минимален, што, според Катастарот, укажува на голема нерамномерност и поделба на пазарот на недвижности

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top