Македонија

Стара „прикаска“ на Ахмети во ново, предизборно „пакување“: Македонија не постои без Албанците – кој мисли поинаку, нека заборави!

Според која основа и логика првиот „интегрист“ тврди дека „без Албанците не може да има стабилна, одржлива држава со перспектива, што може да ја гради иднината“?


„Македонија не постои без Албанците – кој мисли поинаку, нека заборави!“ – кажа лидерот на ДУИ Али Ахмети вечерва во хотелот „Александар Палас“ во Скопјe на свечената академија, која ја одржа Европскиот фронт по повод 24-годишнината од Охридскиот мировен договор. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“.

Натаму порталот наведува: „Без Албанци, не може да има стабилна, одржлива држава со перспектива, што може да ја гради иднината. Секако, и другите заедници имаат свое место, no моралната и националната одговорност е на двете најголеми заедници. Со вазали државата не може да се одржува и да се управува со неа. Со аргати и измеќари само се повредува државата и не ѝ се прави добро. Ние сме за мир, ние сме за дијалог.“ – посочи Ахмети.

Тој го повтори својот повик за ветинг на политичарите. „Ако сте мажи и чесни политичари, ајде да направиме ветинг.“ – рече Ахмети.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top