Македонија

Старата „Градска болница“ во Скопје доби нов апарат за магнетна резонанца

Вредноста на донацијата, обезбедена преку Владата на Република Македонија, изнесува околу 90 милиони денари или 1,5 милиони евра.

Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ денеска ја збогати својата опрема со најсовремен апарат за магнетна резонанца од 1,5 Тесла, два лапароскопски столбови и целосен инструментариум за трауматолошките сали. Вредноста на донацијата, обезбедена преку Владата на Република Македонија, изнесува околу 90 милиони денари или 1,5 милиони евра.

На свеченото пуштање во употреба присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Директорот на Клиниката, д-р Небојша Настов, не го криеше задоволството:

„Пресреќен сум што имам можност да презентирам дел од опремата која ја добивме со помош на Владата. Со овие нови генерации апарати за магнетна резонанца се скратува времетраењето на прегледите, односно се зголемува бројот на прегледи кои може да се извршат во текот на еден ден. Ако во претходниот период со стариот апарат од пред 16 години правевме 4.000 магнетни резонанци годишно, сега очекуваме најмалку 5.000, а можно е и повеќе – во зависност од организацијата на смени“, изјави д-р Настов.

Новата опрема значително ќе ги скрати листите на чекање и ќе ја подигне квалитетот на дијагностиката и хируршките интервенции на највисоко ниво, со што „Свети Наум Охридски“ продолжува да се позиционира како водечка хируршка установа во земјата.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top