Македонија

Ставот на Сиљановска-Давкова за правото на абортус останува непроменет

Нема промена во ставот на претседателката

Ставот на Сиљановска-Давкова за правото на абортус останува непроменет, објави вечерва Радио Лидер.

По реакцијата на Мрежата за заштита од дискриминација во врска со средбата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“, редакцијата на Лидер се обратила до Кабинетот за појаснување на околностите и ставот на претседателката за правото на абортус.

Одговорот од Кабинетот упатува на официјалното соопштение, во кое се наведени темите на разговорот, со нагласување дека абортусот не бил предмет на дискусија, ниту се разговарало за ограничување на репродуктивните права на жените.

Воедно, се прецизира дека средбата била со претставничките на „Јас Сум Жена“, организирана во пресрет на претстојната конференција, а не со членки на здружението „Мајки за Македонија“.

„Ставот на претседателката за правото на абортус останува непроменет: секоја жена има право самостојно да одлучува за сопственото тело, здравје и живот, како израз на личната автономија, достоинството и слободата на избор“, се наведува во одговорот.

Од Кабинетот посочуваат дека Сиљановска-Давкова, како претседателка на сите граѓани, останува отворена за дијалог со невладиниот сектор, при што средбите со граѓанските организации не подразбираат согласување со нивните ставови за сите општествени прашања.

Деталите за разговорот се достапни во официјалното соопштение објавено на веб-страницата на претседателката.

Најнови вести од: Македонија

Ристески: Дигитализација и иновациите во производствените капацитети се неопходни за компаниите да опстанат и да бидат конкурентни на меѓународниот пазар

Годишната индустриска конференција „MANUFACTURING 2026 – Трансформација кон иновации“ е во организација на Македонското здружение на металната и електроиндустријата (MAMEI), Стопанската комора на Македонија и Европскиот дигитален иновациски хаб – ДигитМАК

Туристички бум во Турција: Рекордни приходи од туризмот од 51,3 милијарди долари во првите девет месеци од годинава

Вкупниот број посетители во Турција во наведениот период достигнал 49,1 милион. Руската Федерација со 5,70 милиони посетители, Германија со 5,17 милиони и Обединетото Кралство со 3,20 милиони посетители останаа трите најголеми туристички пазари за земјата.

To top