Македонија

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение, за да се спречи амнестија на криминал во повеќе од 200 предмети

Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител изјави дека измените на Кривичниот законик претставуваат преодно решение, произлезено од одлуката на Уставниот суд од февруари оваа година

Стојаноски појасни дека во Министерството за правда е формирана работна група, која засилено работи на изработка на целосно нов Кривичен законик, усогласен со европските директиви и стандарди, чија примена се очекува во 2026 година. Тој додаде дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела предлог-измена, за да се спречи поништување одредби од Кривичниот законик, што би довело до целосна амнестија на активните судски предмети и би се создала сериозна правна празнина.

„Во Македонија во моментов има 2 процеса од аспект на Кривичниот законик. Еден, којшто се подготвува во Министерството за правда и којшто е дел од Реформската агенда, тој ќе биде донесен 2026 година. И ова преодно решение, што ние, како група на пратеници, го поднесовме, за да спречиме амнестија на поголем дел на група на луѓе, што сториле кривични дела под овие квалификативи, но и за да ја обезбедиме правната држава барем додека го донесеме новиот КЗ.“ – истакна пратеникот Стојаноски.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top