Македонија

Стојаноски: Патот кон не смее да зависи од нови билатерални условувања

Ставот на државата останува непроменет дека нема да се прифатат нови отстапки без цврсти и писмени гаранции од Европскиот совет дека тоа ќе биде последното барање во евроинтегративниот процес

Македонија предолго се наоѓа во иста позиција и дека е неопходна јасна перспектива за негово завршување без дополнителни условувања, оцени пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, зборувајќи за евроинтегративниот процес на државата.

По децении на отстапки, земјата треба да добие предвидлив пат и јасен одговор кога и како ќе заврши процесот на пристапување кон Европската Унија, рече пратеникот..

Стојаноски нагласи дека ставот на државата останува непроменет и дека нема да се прифатат нови отстапки без, како што рече, цврсти и писмени гаранции од Европскиот совет дека тоа ќе биде последното барање во евроинтегративниот процес.

Според него, односите меѓу кандидатите и ЕУ треба да се темелат на реципроцитет и почитување на европските вредности, при што посочи дека Македонија веќе има направено значајни отстапки во минатото.

Тој се осврна и на прашањето за билатералните односи со Бугарија, посочувајќи дека државата очекува напредок во однос на европските стандарди и почитувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

Стојаноски додаде дека евроинтегративниот процес не смее да зависи од нови билатерални условувања, туку од јасни критериуми и перформанси.

 

Најнови вести од: Македонија

Јанкуловски: Македонија веќе не молчи пред понижувањата од Бугарија околу македонскиот идентитет и јазик, туку бара почит од неа и ЕУ!

„Понижувањето што го трпиме од соседна Бугарија не е само последица на конфликтот околу нашиот идентитет, јазик и култура. Тоа е тактика во дипломатијата. Но, соочени со очекувањето на нови понижувања и свесни дека тие ќе продолжат, новата власт во Македонија бара почит и достоинство во односите со другите држави, и, секако, со Европската Унија. И, замислете, Македонија веќе не молчи пред понижувањата.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Звонимир Јанкуловски во својата колумна со наслов „Понижување и срам – време за достоинство“, која ја објави информативната агенција „Нетпрес“.

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

To top