Македонија

Стопанската комора добитник на меѓународна награда за општествена одржливост

Иницијативата на Стопанската комора на Македонија за унапредување на декарбонизацијата и корпоративната одржливост е меѓу трите највисоко оценети иницијативи од целиот свет на ISAR Honours 2026, признание на Меѓувладината работна група на експерти за меѓународни стандарди (ISAR) при УНКТАД – UN Trade and Development.

Како што соопштија од Стопанската комора, признанието беше добиено на свечената церемонија во Женева, а во процесот на селекција учествуваа организации и институции од различни региони во светот. Со ова признание, пристапот на Стопанската комора е препознаен на меѓународно ниво како практичен модел што ги поврзува политиките, градењето капацитети и конкретните деловни решенија со глобалната агенда за одржлив развој.

Стопанската комора во Женева е добитник на наградата ISAR HONOURS на UNCTAD за 2026 година, поминувајќи ги сите сите филтри преку систем на одлучувачкото гласање за наградата. Со ова Комората добива интернационално признание за своите заложби за подигање на свесноста и имплементацијата на овие стандарди кај приватниот сектор.

Оваа награда има за цел да ја зголеми свесноста и да ја промовира размената на најдобрите меѓународни практики во областа на одржливоста и известувањето за целите на одржлив развој (SDGs), како неразделен дел од корпоративното нефинансиско известување на компаниите. Наградата е воведена во 2018 година, а досега номинирани биле околу 450 иницијативи од преку 60 земји во светот, кои потекнуваат од 6 разни географски региони во светот.

Нашата Комора има направено повеќе работи во доменот на одржливите практики за компаниите и тоа:

а. Водич за декарбонизација (EIB), што го воведовме за компаниите

б. Формирање Центар за циркуларна економија

в. ESG стандарди кои ги промовираме, ISO стандарди, CBAM водичот…

Комората и во изминатиот период е добитник на серија исклучително високи меѓународни признанија и награди, вклучително и Орденот на заслуги за Комората и Признание за претседателот Азески од претседателот на државата по повод сто годишнината на коморското делување.

Досега, преку активностите на Комората се поддржани повеќе од 180 компании, од кои над 35 компании добиле директна стручна поддршка за подготовка на извештаи за одржливост и патокази за декарбонизација. Во специјализираните обуки учествувале над 850 претставници на деловната заедница, а активностите придонеле кон реализација на над 18 милиони евра зелени и инвестиции во циркуларната економија. Истражувањата покажуваат и раст од над 60 проценти во свеста, разбирањето и подготвеноста на компаниите за зелената транзиција и поврзаните барања за известување.

Со оваа иницијатива, Стопанската комора создава практична инфраструктура за одржливост – од знаење и градење капацитети, преку алатки и методологии, до мерење, податоци и известување. Целта е компаниите не само да ги разберат новите барања, туку да можат да ги претворат во конкретни деловни одлуки, подобро управување со ризиците и нови можности за инвестиции и конкурентност.

Стопанската комора ќе продолжи да ги развива практичните алатки, обуките, менторската поддршка и регионалната соработка, со цел компаниите полесно да ја претворат одржливоста во мерливи резултати, подобра конкурентност и долгорочна деловна вредност, посочи претседателот Азески, стои во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top