Македонија

Судењето за „Онкологија“ продолжува денеска

Тројцата обвинети се товарат за несовесно лекување

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Нино Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. Тие се обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Судењето го води судијката Снежана Марковска, а обвинението го застапува јавната обвинителка Марија Ѓоргева од Основното јавно обвинителство – Скопје.

На претходното рочиште, по предлог на одбраната, беше сослушан вештакот Владимир Даниловски. Тој објасни дека предмет на неговото вештачење не бил изборот на онколошката терапија, туку утврдувањето на евентуалните последици од применетото лекување.

Даниловски нагласи дека требало да се утврди дали постои конкретно докажана штета, дали терапијата довела до влошување на здравствената состојба, дали го забрзала фаталниот исход и дали постои медицински докажана причинско-последична врска меѓу конкретна лекарска одлука и конкретна последица.

Според него, кај ваквите случаи не е доволно само да се утврди отстапување од упатствата за дозирање или примена на лековите. Потребно е да се докаже причинско-последична врска меѓу постапката и настанатата последица кај пациентот.

Васев, Црвенкова и Јакимовски се обвинети за продолжени тешки дела против здравјето на луѓето и несовесно лекување. Според обвинението, кај вкупно 47 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна процена на нивната здравствена состојба.

Постапката првично се водеше и против онкологот Мери Пешевска, која призна вина и беше осудена на две години условна казна затвор.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top