Македонија

Судење за „Адитив“ без првообвинетиот Васко Ковачевски

Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, судењето во случајот „Адитив“, кој се однесува на сомневања за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со купувањето адитиви за јаглен за потребите на ЕСМ – Филијали ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Првообвинетиот, Васко Ковачевски, инаку поранешен генерален директор на ЕСМ; судијата го […]

Обвинети се 31 физичко лице и пет правни лица, судењето во случајот „Адитив“, кој се однесува на сомневања за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со купувањето адитиви за јаглен за потребите на ЕСМ – Филијали ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј.

Првообвинетиот, Васко Ковачевски, инаку поранешен генерален директор на ЕСМ; судијата го погласи за недостапен.

Ковачевски е во бегство од декември лани а е и меѓу 13-те осомничени за спорната набавка на мазут за ТЕЦ Неготино во која ососмничени се и Ратко Капушевски и Асмир Јахоски од РКМ и Пуцко Петрол.

Неговата адвокатка Андријана Димитрова побара да се одложи денешното рочиште затоа што ќерката на Ковачевски ја ангажирала вчера, но на предлог на Обвинителството и со решение на судот ќе му се суди во отсуство бидејќи не е достапен на органите за прогонот.

Судењето се одвива во дигиталната сала на затворот Идризово која за прв пат се користи по три години пауза.

 

Најнови вести од: Македонија

Ново семејно насилство: Скопјанецот Љ.И. (35) ја претепал сопругата (31) и ја избркал од дома, а четирите деца ги затворил во тоалет!

Вчера, на 2 април 2026 година околу 19 часот во СВР Скопје 31-годишна жена пријави дека во домот на подрачјето на Бит Пазар нејзиниот сопруг Љ.И.(35) ја заклучил во тоалетот, а по некое време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.

Кадриу: Да поднесеше Ристоска оставка при примопредавање на прислушкуваните материјали кога ја уриваа државата, ќе ѝ поверував дека е принципиелна!

Адвокатката и поранешна обвинителка Лејла Кадриу реагираше по оставката на обвинителката Ленче Ристоска, оценувајќи дека станува збор за „бегство од одговорност“, а не за принципиелен чин.

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Најнови вести

To top