Македонија

Судскиот совет ја одложи седницата поради немање кворум

Судскиот совет на Република Македонија денеска ја одложи планираната 534. седница поради немање кворум

Судскиот совет на Република Македонија денеска ја одложи планираната 534. седница поради немање кворум – на седницата присуствуваа само шест од вкупно 15 члена.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, информираше дека поради недоволниот број присутни членови не се исполнети условите за одржување на седницата, по што таа е одложена. Новиот термин дополнително ќе биде соопштен.

„Дел користат годишен одмор, дел се на боледување“ – изјави Камбовски.

На двајца членови, Миљазим Мустафа и Селим Адеми, им истекол мандатот, а на седницата не присуствуваа ниту членовите по функција – министерот за правда и претседателот на Врховниот суд.

На дневен ред на 534-тата седница беа предвидени повеќе точки, меѓу кои:

престанок на судиска функција поради стекнување услови за старосна пензија;
поплаки и претставки за работата на судиите и судовите;
формирање комисии за постапки за утврдување одговорност;
расправа по Пресудата на Управниот суд У-5 бр. 380/2025 за уставната судијка Елизабета Дуковска;
известувања за утврдена фактичка состојба.

Одложувањето на седницата укажува на тековни проблеми со кворумот во Судскиот совет, што може да влијае врз навременото одлучување по клучни прашања од судската власт.

Најнови вести од: Македонија

Клетников: Филипче и неговите следбеници се луѓе без карактер, учествуваа во идентитетскиот геноцид над својот народ! – СДС е фашистичка партија со зомбирано членство!

„Австриецот Роберт Музил има роман „Луѓе без својства“, а луѓе без својства се токму Филипче и СДС, нивните следбеници, меѓу кои има и неколку универзитетски професори. Тие немаат ниту карактер, ниту битие. За нив не треба ниту да се зборува. Повеќе пати сум го повикувал и на пишано и преку телевизиски настапи Филипче, за да се соочиме и да му објаснам зошто неговата партија СДС е фашистичка.“ – нагласи поетот поетот Ефтим Клетников во емисијата „За или против“ на ТВ Алфа.

Мицкоски: Сигналите од Бугарија не ме прават оптимист! (ВИДЕО)

„Вчера видовме еден преседан во дипломатијата кога излезе дипломатска нота за тродневен престој на мојата сопруга со мојот помал син кај наши пријатели во Пампорово. Тоа е невообичаена пракса во светот на дипломатијата и можеби единствена како таква“, изјави македонскиот премиер

Најнови вести

To top