Македонија

Екс-директорот на Лотарија Бајрами заедно со Груби украле милиони евра државни пари

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Криминалниот тандем на СДСМ и ДУИ довел до милионски криминал во Лотарија, обвини ВМРО-ДПМНЕ во соопштение споменувајќи ги како главни актери екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами и поранешниот виецпремиер кој е во бегство, Артан Груби.

„Додека Бајрами и Груби ја испокрадoа Лотарија и избагаа СДСМ молчеше само за коалиционен мир и да ќари ден повеќе на власт. Бајрами и Груби во Лотарија правеле што сакале, брутални докази за недостатоците и недоследностите во институцијата има и во извештајот на ДЗР.

Во извештај на ДЗР, утврдено е дека се исплаќале аванси за ‘мали добивки’ на деловни соработници вредни 14 милиони денари, од кои, за 13 милиони денари документацијата била неуредна или невалидна. Исто така ДЗР утврдил и спорна документација за 36 милиони денари готовински одливи и 7 милиони денари приливи. И за ова, во извештајот се вели дека има изјави дека за тие износи не се примени ниту вратени аванси.

Понатаму, ДЗР преку увид во трговските книги и анализи на податоци од централниот онлајн систем и платформата за интернет игри, утврдила дека се нереални и неоправдани сметководствени записи за нелогични трансакции во износ од 123 милиони денари. Бајрами и Груби оставиле спорна документација за над 180 милиони денари или близу 3 милиони евра. Криминалците мора да одговараат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top