Македонија

Светски Ден на Ментално Здравје

Деструктивните и негативни мисли фрлете ги во ѓубре!

На 10 октомври, на глобално ниво се одбележува Светскиот ден на менталното здравје – со цел да се подигне свеста за грижата околу менталното здравје, да се увидат предизвиците и потребата за едукација околу ова прашање –и најважното да се скрши стигмата која сè уште го опкружува менталното здравје

Според податоците од Светската Здравствена Организација (СЗО), на глобално ниво, едно од седум деца на возраст до 19 години ќе пројави ментално нарушување. Истражувањата покажуваат дека три четвртини од проблемите со менталното здравје се појавуваат пред 25-тата година, асекој четврти човек се соочува со проблеми со менталното здравје во некој период од животот. Најчести нарушувања кај младите се депресија, анксиозност и проблеми во однесувањето, додека хиперактивноста и нарушувањата на вниманието исто така се значајни предизвици со кои се соочуваат младите. Овие податоци укажуваат на потребата уште од најрани години да се посвети внимание на менталната добросостојба на младите.

Припадноста во група, честото споредување со другите,врсничкото насилство, сајбербулинг и притисокот од социјалните медиуми  се најчестите фактори кои влијаат врз променливата психолошка состојба кај младите. Тука се и економските и социјалните бариери кои ја отежнуваат грижата за менталното здравје и допринесуваат за потешкотии…

Ви поминуваат темни мисли, се чувствувате тажно… Зошто да не побарате помош?

Не е срамота да плачете, не е срамота да ги споделувате своите потешкотии, несигурности и стравови… Време е да се скрши стигмата дека е срамота емоциите, личните мислења, стравови, несигурности да се споделуваат, и дека за да бидете „јаки” треба задржувате некои работи во себе…или да поминат како шепот низ некој разговор  илинечујно, низ некоја тишина… Грижата за менталното здравје и оддржување на здравиот дух е процес за кој секојдневно треба да се работи и да се храни со позитивни и мотивирачки мисли. Деструктивните и темните мислите фрлете ги во ѓубре !

Справувањето со неизвесноста и животните предизвициможе да бидат исцрпувачки за секого, и затоа не е срамно да се сподели потребата за морална или психолошка поддршка. Ако чувствувате тага, лошо расположение или темни мисли– побарајте професионална помош. Или охрабрете ги вашите блиски да побараат помош. Не дозволувајте стигмата околу разговорите за менталното здравје да ве ограничи да ги почувствувате најубавите и најдлабокитечувства или да не ги искусите највеселите авантури кои животот ви ги носи. Животот е еден, и тој е само ваш- искористете го најдобро што можете.

Барањето помош е знак на храброст – тоа покажува свесност и желба да се реши некој проблем, да се надмине некоја препрека за да се продолжи напред кон нови животни искуства, авантури и победи.

Компанијата dm drogerie markt особено ја согледува сериозноста и важноста да се отвори разговорот околу грижата за менталното здравје кај сите генерации, особено кај младите девојки и момчиња.  Токму тоа dm го прави преку поткастот „Женски Ритам“, кампањата #СкрозЈас, Movember и како поддржувач на голем број проекти со граѓански и младински организации. Во рамки на платформата „Заедно едни за други“, dm спроведе конкурс посветен на подобрување на физичкото и менталното здравје на жената. Од пријавените иницијативи беа одбрани и реализирани шест проекти, во кои беа инвестирани над 3 милиони денари. Преку нив беа организирани бесплатни онлајн вебинари, настани, панел-дискусии и групни сесии посветени на предизвиците со кои се соочуваат жените и грижата за нивното ментално здравје.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top