Македонија

Светскиот тенор Хосе Карерас ќе настапи во Скопје по повод 35 години независност

Славниот шпански тенор Хосе Карерас и некои од најпознатите македонски музичари ќе настапат на плоштадот Македонија во Скопје на 1 септември во рамките на одбележувањето на 35 години независност на Македонија. Како и настапот на Дејвид Гета на стадионот „Тоше Проески“ на 8 септември, и настанот насловен „Хосе Карерас и македонскиот ол-старс“ ќе биде отворен за јавност.

Еден од најпознатите светски тенори, Хосе Карерас, ќе настапи во Скопје на 1 септември, како дел од програмата за одбележување 35 години независност на Македонија. Големиот музички настан ќе се одржи на Плоштад Македонија и ќе биде бесплатен и отворен за сите граѓани. Покрај Карерас, на сцената ќе настапат и Влатко Стефановски, Каролина Гочева, Калиопи, Ана Дурловски, Игор Дурловски, Наум Петрески и Сузана Спасовска, во придружба на Македонската филхармонија.

  • „Сфативме дека е ова идеален проект за концептот каков што е замислен: нешто што е светско на високо културно ниво заедно со нашето македонско, кое притоа ќе покаже дека во ниту еден сегмент не е ниту помалку светско, ниту помалку квалитетно. Со мојот пријател и долгогодишен соработник Николче Мицевски две години разговараме за овој проект и време е сега да се реализира. Концептот на концертот е таков што прво ќе настапат македонските изведувачи со по неколку песни, па после тоа Хосе Карерас. Ќе има и многу изненадувања таа вечер, кои нема да бидат соопштени сега“, рече Бобан Милошески, основачот на „Авалон продукција“, која го организира настанот заедно со Владата.

Концертот ќе биде поделен во два музички сегменти. Во првиот дел ќе настапат македонските музички ѕвезди заедно со повеќе од 60 музичари од Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски, со специјални оркестрации и аранжмани подготвени од маестро Николче Мицевски.

Вториот дел од вечерта ќе му припадне на Хосе Карерас, кој ќе настапи со својот светски репертоар заедно со Македонската филхармонија, предводена од неговиот долгогодишен диригент Давид Хименес.

Организаторите најавуваат и специјални музички спојувања меѓу македонските изведувачи и светскиот тенор, кои ќе останат изненадување за публиката.

Настанот е втор голем музички спектакл во рамки на јубилејната програма, по најавата за настапот на Дејвид Гета со „Monolith Stadium Show“.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

To top