Македонија

Средба Муцунски-Клеин: Непрестаен развој на односите и одличната соработка меѓу Македонија и Унгарија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со новоназначениот специјален пратеник на Министерството за надворешни работи на Унгарија за Западниот Балкан, амбасадорот Андраш Клеин.

На средбата беше изразено задоволство од постојаниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, кои во 2025 година беа издигнати на ниво на стратегиска соработка меѓу двете влади. Притоа, беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на партнерството во областите од заемен интерес.

Посебен акцент беше ставен на важноста од кредибилен и динамичен процес на проширување на Европската Унија, како значаен поттик за стабилноста, реформите и развојот на Западен Балкан. Во таа насока, беше изразено очекување за продолжување на унгарската поддршка на европската перспектива на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните состојби на Западен Балкан, при што ја нагласија заедничката заложба за зачувување и унапредување на мирот, безбедноста и стабилноста во регионот, особено во контекст на актуелните глобални и безбедносни предизвици.

Најнови вести од: Македонија

To top