Македонија

Тачи се раздвои од Ахмети, но не успеа да влезе во Владата и спроти изборите е на крстопат – „ниту на небо, ниту на земја“

Тачи и ДПА пред сериозни дилеми како ќе настапат и со кого на годинашниве локални избори: пред четири години победија во градоначалничката трка само во Студеничани со Азем Садики, а тој сега пак се кандидира, но како независен кандидат.

„Откако ги прекина односите со едната страна, за да ѝ се приближи на другата, лидерот на ДПА Мендух Тачи потврдува дека не е постигнат никаков договор за соработка со владата и оти немаат ниедна заедничка основа. Не успеаја и разговорите со Али Ахмети.“ – нагласи лидерот на ДПА Мендух Тачи. Ова го објави ТВ Алсат во својата информација со наслов „Тачи повторно на крстопат по одвојувањето од Европскиот фронт, сега вели дека нема ништо заедничко со Владата“.

Натаму телевизијата наведува: Потврдата за прекинувањето на односите доаѓа неколку месеци, откако се појавија гласини за преговори меѓу страните, за можноста за негово вклучување во владината коалиција.

„Во последните месеци имаше поголем интензитет на разговорите, но да не ги нарекувам разговори. Двете страни, оваа влада и ДПА, бараа заеднички точки, но конечно заклучивме дека немаме воопшто ниедна заедничка точка. Констатирам денес дека е официјално затворен овој разговор. Иако покажавме желба за конструктивност, дојдовме до заклучок дека немаме ништо заедничко со политиката на оваа влада и оти нема ниту да имаме.“ – рече Мендух Тачи, лидерот на ДПА.

Но, Тачи повеќе не соработува ниту со ДУИ и Европскиот фронт. Во пресрет на локалните избори, ДПА мора да одлучи како ќе се постави на овие избори, за можните кандидати, за листи и слично. „Со жалење можам да констатирам дека не успеаја и разговорите со Али Ахмети. Нема да изнесувам многу детали сè додека не бидат потврдени овие ставови и од органите на партијата.“ – посочи Тачи.

На последните локални избори пред четири години ДПА победи само во Студеничани со Азем Садики, кој беше тогаш избран како претседател на оваа селска општина. Сега, четири години подоцна Садики ја објави својата повторна кандидатура, но овојпат како како независен кандидат. – објави Алсат.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска убавина во Бутел: Воскресението не е приказна, туку сила што не потсетува да не се откажеме дури и кога е најтешко (ВИДЕО)

Овој убав пример од Бутел покажува дека вистинската убавина на Велигден не доаѓа од црквата, туку од срцата на младите кои со љубов го слават најсветлиот христијански празник.

Обид за опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

Остро и недвосмислено го осудуваме овој чин. Истовремено, повикуваме на јасна, гласна и обединета осуда од сите верски лидери, институции и граѓани. Само преку заедничка одговорност и будност можеме да обезбедиме ваквите појави никогаш повеќе да не се повторат

To top